Драма на Титов Врв: планинар паднал од карпа во бездна, спасувачи брзаат да го извлечат

0
19

На Титов Врв на Шар Планина во тек е спасувачка акција. По добиен повик за итен случај на 112 во ЦУК, во тек е спасувачка акција во координација на Центарот за управување со кризи (ЦУК) за извлекување на двајца планинари, од кои едниот паднал од карпа во провалија и не се знае во каква состојба е, во подножјето на Титов Врв на Шар Планина, соопшти ЦУК.

Оттаму информираат дека во моментот кога информирале за настанот, добиле информација дека едно лице од планинарите е извлечено, а по другото лице во тек е спасувачката акција во која спасувачите од ангажираните институции вложуваат максимални напори поради ниските температури или евентуалните повреди на лицата за коишто немаме информација во која мера се повредени.

„Настанот бил пријавен на 112 се развива кога едниот од двајцата планинари прво пријавил дека на Титов Врв, во реон 500 метри подолу, со неговиот другар оделе кон викендичка и се изгубиле. На другарот му се слошило и бил во лоша здравствена состојба, па побарал помош бара итно да се реагира. Потоа, јавувачот на 112 повторно се јавил и известил дека неговиот пријател паднал од карпа во провалија и не знае каде и во каква состојба е, а исто така информирал дека и тој е повреден, но не многу. Бил уплашен и збунет и не можел да информира за каква повреда станува збор“, велат од ЦУК.

Веднаш по добиената информација ЦУК преку Дежурниот оперативен центар РЦУК Тетово стапува во комуникација со Министерството за внатрешни работи – СВР Тетово и Полициска станица Попова Шапка со коишто по куса координација, со едно теренско возило на Центарот за управување со кризи со човек на ЦУК од Регионалниот центар за управување со кризи Тетово заедно со двајца полицајци од СВР Тетово се упатува кон Титов Врв на Попова Шапка. Во меѓувреме е стапено во комуникација и координација со Територијално противпожарната екипа на Тетово од каде што се упатени 4 пожарникари и специјализирано теренско возило на местото на настанот, за да помогнат. Истовремено, од ЦУК е координирано со Брзата помош од ЈЗУ Тетово и е упатено и медицинско возило со комплетна екипа лекар и медицински персонал да го превземат повредениот“, додаваат од ЦУК.