Пожарникари од ТППЕ-Тетово заминаа за Турција да помогнат во справувањето со последиците од земјотресот

0
22

Поради потребата од пронаоѓање и спасување на луѓето кои останаа под урнатините како последица од вчерашниот земјотрес Општина Тетово и Територијалната противпожарна единица- Тетово испратија специјализирани и лиценцирани пожарникари за елементарни непогоди кон Турција, во знак на солидарност и поддршка со турскиот народ.

„Во знак на солидарност и поддршка, група од 9 лиценцирани пожарникари за елементарни непогоди од Територијалната противпожарна единица Тетово, со противпожарна и опрема за пребарување и спасување заминаа за југоисточниот дел на Турција за да му помогнат на турскиот народ“, велат од Oпштина Тетово.

И вчера градоначалникот на Oпштина Тетово Билал Касами изрази солидарност со турскиот народ по разорниот земјотрес што погоди делови од Турција.

„Во овие тешки моменти ние сме со со турскиот народ по разорниот земјотрес што погоди неколку градови на југоистокот на Турција. Сочувство за изгубените животи, додека на повредените им посакуваме брзо закрепнување!“, напиша Касами.

Во следните денови ќе бидат организирани активности за собирање на помош за турскиот народ, соопштија од Општина Тетово