Ковачевски вели не е наше да се мешаме кому Бугарија ќе издаде државјанство или ќе подари стан

0
18

Бугарските власти можат да издадат државјанство или да подарат стан на кого било, а ние не можеме да се мешаме во нивните одлуки и активности кои ги преземаат, исто како што никој не може да се меша кај нас доколку ние решиме да го направиме тоа со некој граѓанин.

Ваков е ставот на премиерот Димитар Ковачевски во врска со најавите на бугарското Министерство за надворешни работи дека наскоро ќе му биде издадено бугарско државјанство на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков, кој по претепувањето во Охрид кон втората половина на јануари со бугарски владин авион беше пренесен на лекување во болница во Софија.

Коментирајќи ги ставовите на бугарските власти кои велат дека нема да толерираат насилство врз Бугарите во Северна Македонија и дека нивните права мора да бидат гарантирани, Ковачевски вели дека правата на кој било граѓанин во земјава којшто се самоопределува различно од мнозинството се издигнати на највисоко можно ниво споредено со други европски земји.

„Да не заборавиме дека кај нас правата не се само лист хартија туку се спроведуваат низ голем број инстуции коишто ние ги имаме изградено низ годините. Имаме Министерство за политчки систем, имаме агенции за унапредеување на правата на помалите заедници, агенции за употреба на јазици, што, ако споредите во друга држава не можете да најдете. Добро е што тоа сме го направиле зашто ние сме мултиетничка и мултикултурна којашто својата сила ја црпи од различностите коишто ги иамаме кај нас и така и ќе продолжиме“, вели Ковачевски