СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ТАЏИКИСТАН

0
24

Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди Таџикистан

 

Земјотресот се случил во 8 часот и 37 минути по локално време, на длабочина од 10 километри.

Земјотресот е регистриран на оддалеченост од околу 80 километри од границата со Кина, а силно е почувствуван во одредени области во кинеската област Ксинџијанг, вклучително и во Кашгар.

 

Одделот за железници Ксинџијанг повика да се запрат патничките возови на делот Аксу до Кашгар на јужната железница Ксинџијанг.

Освен во Кина, овој силен земјотрес беше почувствуван и во Пакистан, Узбекистан, Авганистан и Кина.