Диви животни и шума на Шара се помалку, дивоградби се` повеќе – новиот Национален парк пред големи предизвици

0
43

Плански документ за заштита на дивите животи, заштита на шумата и државниот имот, се трите главни приоритети на Националниот парк Шар Планина. Од установата, велат дека планинското подрачје е запоставено со децении, треба макотрпна работа да се зачува и развива паркот, но истовремено и подршка од другите институции.

Диви животни на Шара се помалку, се сече шума без дозвола, а дивоградби никнуваат кака печурки. Предизвиците на Националниот парк Шар Планина големи.

Од установата, велат дека се работи на плански документи за заштата на подрачјето. Се зголемува соработката со локалното население, а преку информативни табли ќе се објават содржини и насоки, како да се однесуваме во паркот, согласно законските прописи.

Голем дел од Шарпланинскиот масив долг 80 , а широк и до 25 километри е во состав на новиот Национален парк.

Со децении без контрола и во строго заштитени подрачја, има изградено голем број дивограби.

Од установата велат дека се работи на план за евидентирање на сите градби, како ќе се справат со нелегалните?, допрва ќе треба да изнајдат решение.

Моментално целиот Шарпланински масив го чуваат и контролираат 8 луѓе, колку што има и вработени во Националниот парк.

Финансиски установата се одржува со помош на донатори и Владата, а очекува нови вработува во текот на годинава.