Приведен криумчар на мигранти, превезувал четворица сиријци

0
25

Денеска околу 15 часот на локалниот пат Прдејци – Смоквица, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Н.Р.(57) од Скопје.  При преглед во возило “фолксваген пасат” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти од Сирија, од кои еден малолетник. Н.Р. бил задржан во полициска станица, а мигрантите се сместени во прифатно-транзитен центар. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Н.Р. ќе биде поднесена соодветна  кривична пријава.