Гостиварец ја допирал по телото малолетната ќерка на невенчаната сопруга

0
25

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 16 часот и 45 минути го лишиле од слобода 51-годишниот М.Б. од едно гостиварско село.

„Тој во 13 часот и 15 минути бил пријавен од неговата 40-годишна невенчана сопруга, со која живееле заедно, дека подолго време ја допирал по телото нејзината малолетна ќерка од првиот брак. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот“, соопштија од СВР Тетово.