Уапсени десет лица на повеќе локации за поседување дрога

0
27

На 01.05.2023 во 13.30 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода А.С.(22) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 01.05.2023 во 16.50 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода К.Б.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 01.05.2023 во 22.00 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.З.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 01.05.2023 во 11.00 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Ф.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 01.05.2023 во 19.00 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.М.(23) од Кавадарци затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 02.05.2023 околу 01.00 часот на патот Гостивар-Тетово, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода И.Ќ.(32) од с.Неготино, полошко и Р.А.(44) од скопско Арачиново затоа што кај нив бил пронајден и одземен кокаин. Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени поднесоци.

На 02.05.2023 околу 01.50 часот на улица „Јордан Златановски” во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 25-годишниот А.А. од тетовско Јеловјане затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Од него, исто така, било одземено и патничко моторно возило „ауди” без регистарски таблички. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

На 01.05.2023 во 18.30 часот на регионалниот пат Штип-Плачковица, полициски службеници од СВР Штип ги привеле С.Т.(32) од Скопје и М.Т.(32) од с.Горно Којнаре, кумановско. При контрола на патничко моторно возило, со кое се превезувале, кај С.Т. била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.