Велешанец украл паричник од старица сред бел ден

0
21

На 10.08.2023 во 13.20 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ѓ.К (40) од Велес, поради основано сомнение дека извршил кривично дело „разбојништво“.

Имено, истиот ден на ул.„Илинденска“ во Велес тој физички ја нападнал М.М (76) од Велес, при што ѝ одзел паричник со пари. Лицето е приведено во Полициската станица Велес, а одземените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.