ВИДЕО: Во авионска несреќа загина водачот на Вагнер, Евгениј Пригожин

0
51

Според податоците на руската служба за итни случаи, во авионот имало 10 лица, меѓу кои и 3 членови на екипажот. Според првичните информации, сите во авионот загинале.

Во авионот кој летал од Москва до Санкт Петербург биле уште 9 други лица, од кои 6 биле патници а тројца членови на екипажот. Каналот „Сива зона“ на социјалната мрежа Телеграм, кој се поврзува со Вагнер, обвини дека авионот во кој бил Пригожин бил соборен од руската противвоздушна одбрана во Тверската област северно од Москва.

Руската Федерална агенција за воздушен сообраќај започна истрага за авионската несреќа.