Трагична сообраќајна несреќа во соседството:Три лица загинаа во судир на патот Ужице-Златибор

0
84

Девојче (9) кое беше тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи утринава околу 8 часот на Ложионскиот мост во Ужице, им подлегна на повредите и почина во болница.

Другото девојче, нејзината 11-годишна постара сестра е во животна опасност, пренесуваат српските медиуми.

Несреќата се случи околу 8 часот кога на Ложионскиот мост се судриле товарно возило – цистерна и автомобил „шевролет“. Наводно, дедото на девојчето ја престигнал колоната и прелетал под камионот

На лице место починале бабата Зорица С.(66) и дедото Драгослав С.(65) од Белград, а внуките биле пренесени во болница. Едната починала, другата е во животна опасност.