РЕЧИСИ 70 % ОД ВОДАТА ВО ТЕТОВСКИТЕ СЕЛА Е ЗАГАДЕНА

0
54

Од чешмите во тетовските села се уште тече микробиолошки загадена вода. Последните анализи на Центарот за јавно здравје Тетово, покажаа дека речиси 70 % од селата во тетовско имаат неисправна вода за пиење.

Водата од селските водоводи во тетовско е преполна со колимфорни бактерии. Таа нередовно се хлорира, а извориштата се необезбедени, а тоа се и главните причини поради што мештаните од селата пијат неисправна вода, велат од Центарот за јавно здравје Тетово.

Постојано укажуваме да се врши хлорирање, но апелите ретко стигнуваат таму каде што треба.

Голем број од селските водоводи во тетовско ги раководат месните заедници, кои не се доволно организирани и функционални.

Од Центарот за јавно здравје, велат дека не е безбедна и водата од јавните чешми низ селата оти и тие се приклучени на селските водоводи. Во овој период од годината особено на шарпланинското подрачје, ризична е и водата од изворите која најчесто ја користат планинарите.

Последните извештаи покажуваат поразителни резултати. 67 % од водата во тетовските села е загадена, од селските чешми пак протекува и микробиолошки позагадена вода.