MAJKA ОДБИВА ДА И ГИ ОТСТРАНИ ВОШКИТЕ НА НЕЈЗИНАТА ЌЕРКА ОТИ Е ВЕГЕТАРИЈАНЕЦ, НЕ САКА ДА И НАШТЕТИ НА ГНИДИТЕ

0
68

Кога вашето дете ќе добие вошки, очајно ги пробувате сите методи за да се обидете да ги истребите, што побрзо. Но, една мајка од Австралија има спротивен пристап, таа воопшто не сака да им наштети на гнидите, пишува „Њујорк пост“.

Една загрижена мајка, напишала во колумна со совети, дека сосетката нема намера да ги третира вошките на нејзината ќерка затоа што таа е веган, а веганите не убиваат живи суштества.

„Мојата седумгодишна ќерка е најдобра другарка со девојчето од соседството, чие семејство е веганско. Во ред е, го почитуваме нивниот избор. Мојот проблем е што неодамна ова прекрасно дете беше кај нас и бесно се чешаше, а јас открив дека целата коса и е со вошки“, пишува мајката.

Откако ѝ спомнала на мајката за вошките на девојчето, таа рекла дека е свесна за нив, но не сака да им наштети, бидејќи веганите не убиваат живи суштества.

„Таа ми кажа дека вежбала како да ги чешла вошките и гнидите во градината, каде што имаат најголеми шанси да преживеат“, продолжила да објаснува загрижената мајка.

Загрижената жена, потоа побарала совет што треба да прави, бидејќи не сакала да ги раздвои децата, но исто така не сакала и нејзината ќерка да биде покриена со штетниците.

Од веб-страницата искоментирале дека всушност жената е „чудовиште“, кое ги осудува гнидите на „бавна и болна“ смрт, бидејќи тие не би можеле да преживеат во градината. Меѓутоа, единствената опција и е превенцијата.

Потоа, на шега ја советувале да ги земе работите во свои раце и да го повика девојчето да си „играат фризери“, па сама да ѝ ги отстрани вошките.

Инаку, експертите велат дека механичкото отстранување е префериран начин за откривање и лекување на вошки, бидејќи е ефикасен, не придонесува на отпорноста на инсектициди кај вошките и исто така претставува низок ризик од иритација на кожата.

Секако, регистрираните хемиски третмани кои содржат инсектициди за убивање на вошки обично се безбедни, но прекумерната употреба на други супстанции, како што се домашни лекови и други инсектициди, може да предизвика иритација.