Турција би можела да се раздели од ЕУ, кажа Ердоган

0
35

Турскиот претседател Таип Ердоган во саботата изјави дека Анкара би можела да се „раздели“ со Европската унија доколку е потребно.

Во извештајот, усвоен претходно оваа недела, се вели дека процесот на пристапување на Турција во 27-члениот блок не може да продолжи под сегашните околности и ја повика ЕУ да истражува „паралелна и реална рамка“ за нејзините врски со Анкара, пренесува Ројтерс.

Турција е официјален кандидат за членство во ЕУ веќе 24 години, но преговорите за пристап беа закочени во последниве години поради загриженоста на блокот за кршење на човековите права и почитување на владеењето на правото.

„ЕУ СЕ ОБИДУВА ДА СЕ ОДВОИ ОД ТУРЦИЈА. ЌЕ ГИ ДАДЕМЕ НАШИТЕ ПРОЦЕНКИ ВО ВРСКА СО ОВОЈ РАЗВОЈ И АКО Е ПОТРЕБНО, МОЖЕМЕ ДА СЕ РАЗДЕЛИМЕ СО ЕУ“, ИЗЈАВИ ЕРДОГАН НА НОВИНАРИТЕ ПРЕД НЕГОВОТО ПАТУВАЊЕ ВО СОЕДИНЕТИТЕ ДРЖАВИ.

Турското Министерство за надворешни работи на почетокот на неделава соопшти дека извештајот на Европскиот парламент содржи неосновани обвинувања и предрасуди и има „плиток и невизионерски“ пристап кон врските на земјата со ЕУ.