Албанската полиција разби косовска група шверцери на оружје, муниција и експлозив

0
98

Полицијата во Тирана разбила криминална група, составена од косовски државјани, кои нелегално од Косово внесувале експлозив, оружје и муниција во Албанија.

Запленети се 203 калапи тритол наменети за употреба на криминални групи во Албанија, кој го продавале по цена и до 5 илјади евра. Секој калап е тежок по 40 килограми. Исто така запленети се и 4 парчиња огнено оружје-пиштоли, три мобилни телефони и едно возило, изјави Тонин Воцај, директор на полицијата во Тирана.

Според него уапсени се косовските државјани Ригон Малини, Лион Пира и Шкелќим Халабаку, жители на Гњилане, а по двајца се трага.

Додаде дека гриминалната група била следена подолг период а нејзина специјалност бил шверцот на оружје, муниција и експлозив-тритол.