ВИДЕО: Тетовка касната од куче, бегајќи скршила рака и повредила колена

0
304

Педесет и едногодишната Н.Љ. од Тетово, вчеравечер во 21 часот и 5 минути во СВР Тетово пријавила дека на улица „Јордан Златановски“ во Тетово била касната од куче скитник.

Притоа, бегајќи, паднала и се здобила со тешки телесни повреди, скршена рака и повредени колена констатирани во Клиничка болница Тетово.

Полициските билтени на СВР Тетово се преполни со напади од кучиња скитници.

Видеото на Слободен печат подолу доволно кажува за деценискиот проблем со кучињата скитници во Тетово кој од година вгодина е се поголем.