Во напуштена куќа во НП Маврово пронајдено оружје и куршуми

0
166

Шеесетгодишен вработен во Национален парк „Маврово“, вчера во 14 часот и 55 минути во СВР Тетово – Полициско одделение Маврово пријавил дека на 10-ти минатиот месец во напуштена куќа во горнореканското село Сенце нивните служби пронашле оставен ранец со ловечка пушка, нож, повеќе куршуми и јаже.

Пронајденото е фотодокументирано и предадено во полициското одделение. Се расчистува и документира случајот.