Земјотрес од 5,8 степени го погоди Чиле

0
146

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Чиле, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Во соопштението за медиумите се наведува дека епицентарот бил на 23 километри југоисточно од градот Консепсион, каде живеат околу 215.000 луѓе.

Како што јави агенцијата Тас, епицентарот бил на длабочина од 32 километри.

Нема информации за жртви или причинета материјална штета.