Ковачевски од Охрид: Гарантираме просечна плата од 1100 евра, која ќе порасне на 1300 со членството во ЕУ

0
57

Јас и моите другари од СДСМ и од коалицијата за европска иднина сме подготвени да работиме ден и ноќ за да го реализираме она што стои во нашата програма. Гарантираме просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра. Со влезот во ЕУ, ќе има уште поголем раст и просечната плата од 1.300 евра и минимална од 800 евра“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на митингот во Охрид.

Тој додаде дека во програмата се гарантира и 20 илјади денари минимална пензија, и 30 илјади денари просечна пензија, но и многу други финансиски мерки за поддршка на пензионерите.

„Посебен дел од програмата е посветен на младите. Ќе дадеме се од себе да не дозволиме нашите млади да ја напуштаат татковината. Тоа е мојот порив, тоа е мојата мисија во наредните четири години. И од тоа нема да се откажам во ниту еден момент“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека ќе има по 200 евра месечно како поддршка за секое прво вработување на млади до 26 години и програма со субвенции и поволни цени за купување сопствен дом за млади до 29 години.

„Се грижиме и за нашите сите ученици и студенти. Ќе има бесплатен оброк, бесплатен превоз и бесплатни едукативни екскурзии за нив, бидејќи мора да го поддржиме развојот на младите во нашата држава“ рече Ковачевски.