Хрватска: Пристигна студениот бран, вчера 30° степени, денеска снег

0
145

Како што беше најавено, во Хрватска пристигна голема временска промена. Во Загреб за 24 часа температурите паднаа за дури 20 степени Целзиусови. Вчера во 14 часот беше 27 степени, а денескае 7 степени.

Во Загреб, како што пренесуваат медиумите има, скршени дрвја од невремето, а во Загорје заврна и снег.

Според рогнозата, посилна облачност со врнежи од дожд од северозапад од земјава постепено ќе се прошири и во останатите делови од земјава. Со значително заладување врнежите од дожд ќе преминат во снег на планините и на некои низини со создавање на потенка снежна покривка во Горски Котар.