Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ со вкрстено испитување на сведок од ФЗО

0
129

Во Основниот кривичен суд – Скопје, денеска, продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“, во кој за незаконско набавување лекови, прикривање преку фиктивни тендери и присвојување на дел од терапијата, се обвинети поранешниот медицински директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и економскиот директор на Клиниката, Нехад Нухи.

Судската расправа продолжува со вкрстено испитување на сведок предложен од обвинителството, кој бил поранешен финансиски раководител во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), откако на претходното рочиште расправата беше прекината поради приватни обврски на еден од членовите на Судечкиот совет.

На минатото рочиште, за време на вкрстеното испитување, сведокот одговараше на прашања од бранителот на првообвинетиот Васев, адвокат Дељо Кадиев, поврзани со буџетот за терапија, јавните набавки и постапките за добивање согласности од Фондот и Министерството за здравство.

Финансискиот раководител во ФЗО, сведочеше дека на средбите со двајцата сега обвинети директори постојано била укажувана потребата од дополнителни средства поради зголемувањето на бројот на пациенти кои примале терапија што не се наоѓала на позитивната листа. Во однос на порастот на долговите на Клиниката, сведокот нагласи дека значително зголемување било евидентирано кон крајот на 2021 година.

Во делот за јавните набавки, сведокот појасни дека постапките се спроведуваат согласно Законот за јавни набавки и дека „начелото на конкуренција не може да биде повредено бидејќи не постои конкуренција“ кога станува збор за лекови од единствен производител.

Претходно, на прашања на обвинителството за финансиското работење на Клиниката во периодот од 2018 до 2022 година, сведочеше раководителка на Одделението за финансиско, сметководствено и шалтерско работење на Клиниката за онкологија. Таа пред судот наведе дека во тој период вршела контрола, координација и подготовка на финансиски и статистички извештаи, завршни сметки, како и редовна комуникација со Фондот за здравствено осигурување, Министерството за здравство и Државниот завод за статистика.

Сведокот посочи дека нејзините ингеренции ѝ биле одземени на почетокот на 2020 година, објаснувајќи дека по тринеделен ковид-карантин утврдила дека дел од нејзините обврски биле префрлени на колешка, без писмено решение. Таа сведочеше и за соработката со обвинетиот Васев, наведувајќи дека до почетокот на ковид-пандемијата соработката била добра и дека Клиниката немала долгови, но, како што рече, „пред да се разболам приметив дека Васев имаше поладен однос кон мене“.

Одбраната на Васев, адвокат Боби Спирковски, предлогот на сведоци од обвинителството го оцени како „класичен конфликт на интерес“, со што, според него, се нарушува законитоста на доказната постапка. Спирковски наведе дека сведокот, како раководителка на Клиниката, „перманентно инсистирала плаќањата за кои била задолжена да одат преку сметката на една веледрогерија“, посочувајќи дека нејзиниот сопруг работел во „најголемата веледрогерија која ја снабдувала Клиниката со лекови – д-р Пановски