Заев го поздрави носењето на законот, но и ги обвини пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, дека со тоа што не гласале – се изјасниле против правната држава и европската иднина на земјава.
Во говорот од партискиот штаб лидерот на социјалдемократите се обрати и до ЕУ. Нашата земја ги исполни своите обврски,а сега на потег е Унијата, рече Заев.
Заев на изборите на 12ти април ќе бара нов, чист мандат, за како што кажа вистинска и неселективна правда, одговорност за тие кои ги прекршиле законите, за напредок, евроатланска перспектива.
За утре најави и марш под мотото „Чекориме за правда.“ Маршутата ќе биде од Собранието до судот.