Сѐ уште нема одговор дали во Куманово ќе се воведе карантин

0
105

Од владата нема одговор дали во Куманово ќе се прогласи кризна состојба и 14 дневен карантин, мерка која ја бараше општинскиот кризен штаб. Во неколку наврати првиот човек на општината бараше владата да донесе одлука градот да биде ставен во 14 дневен карантин по примерот на Дебар поради зголемениот број на ново заразени од Ковид 19 но и високиот степен на заразени здравствени работници од кумановската болница. Министерот за здравство Филипче вчера на прес конференција кажа дека одлуката за карантин треба да биде донесена денеска.