Министерот Филипче ќе остане 14 дена во самоизолација

0
104

Министерот за здравство Венко Филипче ќе остане 14 дена во самоизолација и ќе важат истите правила како за сите, без разлика што нема официјално решение врз основа на епидемиолошката анкета.

Одговарајаќи на новинарско прашање колку време ќе остане во самоизоалција, министерот Филипче, посочи дека иако по епидемиолошката анкета ризикот е мал, сака да покаже личен пример.

-Ќе останам 14 дена во самоизолација, иако беше оценето после епидемиолошката анкета дека ризикот е мал. Сепак сметам дека и на најмал ризик треба да се пристапи сериозно, за здравјето на најблиските, големиот број вработени во Министерството за здравство, за моето лично здравје и секако пример што сакам да го дадам на сите граѓани, изјави Филипче, одговарајќи на новинарски прашања на онлајн прес видеосесија за КОВИД-19 на тема „Ретроспектива: коронавирус МК“. (МИА)