Камион со приколка утрово се преврте на превојот „Плетвар“ на патот Прилеп – Градско.
Сообраќајката се случила околу 8 часот, а нема повредени лица.
Полицијата излегла на местото на настанот каде што врши увид, а сообраќајот се одвива по една коловозна лента.