Поразот на Орбан го врати Груевски во фокусот

0
127

Нема веќе криење на Груевски, порача Филипче по поразот на Фидес. Претходната влада на СДСМ и ДУИ ова го посакувала за свои цели и додека Орбан беше на власт.

Следен е Вучиќ, а со него и Мицкоски, нема повеќе криење на Груевски во Будимпешта, ниту бизнис комбинации. Накусо, ова е „прогнозата“ на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, откако на вчерашните парламентарни избори во Унгарија пораз доживеа владејачката Фидес на премиерот Виктор Орбан по 16 години власт. Победничката партија Тиса предводена од поранешениот сопартиец на Орбан, Петер Маѓар, обезбеди двотретинско мнозинство, по што Орбан го призна поразот, оценувајќи го како „болен, но јасен”.

Фото Фб- Никола Груевски.