На 12.04.2026 во 13:10 часот во ПС Тетово, П.Т. (23) и Т.К. (21), двајцата од с. Туденце, пријавија дека околу 03:00 часот пред угостителски објект на ул. „Благоја Тоска“ во Тетово, биле физички нападнати од повеќе лица. Се преземаат мерки за идентификување на напаѓачите и целосно расчистување на случајот.
……
На 13.04.2026 во 01:33 часот, Р.Ѓ. (42) и И.К. (30) во СВР Тетово пријавија дека пред угостителски објект во с. Сараќино, тетовско, биле физички нападнати од поголема група на лица, меѓу кои ги препознале Д.М. (28), Д.Д. (28) и А.Ѓ. (26). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
…..
На 12.04.2026 во 17:25 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишија од слобода Д.Х. (41) од Скопје, затоа што управувал патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, без положен возачки испит. Возилото е одземено и задржано за понатамошна постапка.
Потоа, истиот ден во 17:35 часот, на ул. „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Н.К. (28) од с. Теарце. При контрола е утврдено дека истиот управувал патничко моторно возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки без возачка дозвола. Возилото е одземено и задржано за понатамошна постапка.
Потоа, на 13.04.2026 во 02:30 часот, на магистралниот пат во Гостивар, полициски службеници го лишија од слобода С.А. (25) од Гостивар. Лицето управувало патничко моторно возило „фолксваген туран“ со гостиварски регистарски ознаки без положен возачки испит. Возилото е одземено и задржано за понатамошна постапка.
По документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци согласно член 297-а од КЗ на РСМ „безобѕирно управување со моторно возило”.
……
На 12.04.2026 во 12:35 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово- с. Јажинце, во с. Одри, четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од М.Ќ. (19) од с. Теарце, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.А. (20) од с. Слатино, кој бил пренесен за укажување лекарска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Со тешки телесни повреди се здобил и возачот М.Ќ., констатирани во Ургентниот центар во Тетово. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.
…..
На 12.04.2026 во 20:10 часот, во ОВР Гостивар е пријавено дека во Медицинскиот центар- Гостивар бил донесен малолетник од с. Балиндол со тешки телесни повреди. Според пријавеното, околу 16:00 часот во близина на училиштето во селото, малолетникот бил удрен од возило кое го напуштило местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и расчистување на случајот.
…..
На 12.04.2026 околу 20:00 часот, во СВР Тетово е пријавено дека во Клиничка болница Тетово бил примен С.М. (35) од с. Порој, кој имал тешки телесни повреди. Според пријавеното, тој додека управувал скутер во нива во близина на Тетово, изгубил контрола и паднал. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.









