Саубермахер со апел до корисниците за подмирување на долгот

0
18

Саубермахер Тетово веќе трета година професионално и одговорно ја извршува услугата за собирање и транспорт на комунален отпад и континуирано инвестира во системот за управување со отпад, во современа механизација, инфраструктура, вработени и дополнителни услуги за селекција и депонирање на кабаст отпад.

Благодарение на овие инвестиции и континуираниот ангажман на терен, услугата денес се извршува поквалитетно, поефикасно и во согласност со современите стандарди за управување со отпад, со што директно се придонесува за почиста и поздрава животна средина за сите граѓани.

Саубермахер Тетово апелира до сите корисници кои имаат неплатени обврски по основ на издадени фактури, истите да ги подмират навремено. Редовното плаќање на сметките овозможува непречено функционирање и понатамошно унапредување на услугите што компанијата секојдневно ги обезбедува за домаќинствата и правните субјекти.

Плаќање на фактурите и регистрација како корисници на услуги може брзо и едноставно да се направи, со посета на:

Канцеларијата во Долно Палчиште

Канцеларијата во Тетово, во близина на ООУ Лириа

Канцеларијата во просториите на ЈКП Тетово (Зелен пазар)

Или преку дигиталните алатки:

Е-услуги на веб-страницата www.saubermacher-tetovo.mk и

Мобилна апликација „Saubermacher Tetovo”, достапна на Google Play и App Store

Пунктовите и алатките за плаќање и регистрација можете да ги користите и доколку имате потреба од ажурирање на податоците во фактурата (станбена површина, адреса или други кориснички податоци).

За дополнителни информации корисниците можат да се обратат на бесплатниот телефонски број 08000-8000 или на електронската адреса [email protected].

Грижата за чиста и здрава животна средина е заедничка одговорност. Со редовното подмирување на обврските, граѓаните директно придонесуваат кон одржување и понатамошно подобрување на системот за управување со отпад во Општина Тетово