Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека Велика Британија нема да се придружи на блокадата на Ормутскиот теснец што ја објави американскиот претседател Доналд Трамп.
Ние не поддржуваме блокада, изјави Стармер за Би-Би-Си, додавајќи дека Велика Британија нема да биде вовлечена во војна со Иран.
По неуспешните разговори меѓу САД и Иран во Пакистан, американскиот претседател Доналд Трамп објави две пораки на својата мрежа Truth Social, најавувајќи блокада на Ормутскиот теснец и остро напаѓајќи го Иран поради неговата нуклеарна програма.
„Да ја скратам приказната, состанокот помина добро, се согласивме за повеќето точки, но она што е навистина важнa, нуклеарната, не го направивме тоа“, напиша Трамп.
Тој додаде дека американската морнарица веднаш ќе „започне со процесот на блокирање на сите бродови што се обидуваат да влезат или излезат од Ормускиот Tеснец“.









