СРЕДБА МЕРКЕЛ – МАКРОН: ОБИДИТЕ ДА СЕ ДОДЕЛИ ДАТУМ ЗА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПРОДОЛЖАТ

0
136

Ќе успее ли Ангела Меркел да го промени мислењето на францускиот претседател и дали Емануел Макрон ќе прифати почеток на пристапните преговори за членство во Европската унија на Македонија и Албанија.

Високи Францууски преставници веќе најавија дека на министерскиот совет во Луксембург во план е да се поднесе предлог за нова методологија во пристапните преговори за членство во Унијата со што би можело третпат да се одложи одлуката за отворање на преговори со двете држави.

Германската државна новинска агенција ДПА, повикувајќи се на дипломатски извори од Брисел, наведува дека ова е последна шанса да се убеди Париз да го смени ставот за блокирање на планираниот почеток на преговорите…

– „Се надеваме дека Париз уште еднаш ќе размисли за својата позиција и дека нема да дозволи да биде изолиран во Европа од внатрешно-политички причини.“ – велат дипломати за Германска ДПА.

Како што велат од агенцијата, Германија не е единствената која не се согласува со ваквата одлука и смета дека Северна Македонија и Албанија ги исполниле сите услови што од нив ги побарала Европската комисија.

Премиерот Зоран Заев минатава недела во неколку наврати изјави дека државата заслужува одлука за почеток на преговори со ЕУ и дека очекува Унијата да го одржи зборот и да испорача. Сепак дисонантни појави доаѓаат од коалициониот партнер. Бујар Османи во интервју за Детектор вели дека е оптимист, но има голема резерва пред се поради ставот на Макрон.

Засега според аналитиачрите сите опции се отворени. Европа може да го одложи доделувањеето датум, но може да се случи и да ги раздвои Македонија и Албанија, со оглед на тоа дека резервите се повеќе насочени кон Тирана. Конечната одлука ќе ја дадат лидерите на земјите членки на Самитот во Брисел во четврток и петок. Познавачите сметаат дека денешната средби на Макрон и Меркел се увертира во серијата состаноци на кои лидерите во наредните денови ќе треба да пресечат, ќе има датум или изневерени очекувања за европоддржувачите во двете балкански земји.