Ирански министер: Трамп е терорист во костум

0
81

Иран го прогласи Доналд Трамп за „терорист во костум“, откако американскиот претседател се закани дека ќе нападне 52 ирански цели во случај на ирански напади врз Американци или американски цели, во знак на одмазда за убиството на воениот командант Касем Сулејмани.

„Како ИСИС, како Хитлер, како Џингис! Сите ги мразеа другите култури. Трамп е терорист во одело. Тој наскоро ќе ја научи историската лекција дека никој не може да ја порази голема иранска нација и култура“, објави министерот за информации и телекомуникации, Мухамед Џавад Азари-Џахроми во твит.