ДЗС: Просечната плата во декември 26.836 денари, за еден месец „скокна“ за 1.049 денари

0
78

– Просечната нето плата исплатена по вработен во декември 2019 година изнесува 26.836 денари, објави Државниот завод за статистика.

Податоците од оваа институција говорат дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, бележи раст од 4,1 отсто, а зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите транспорт и складирање за 12,4 отсто, објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 12 отсто и градежништво за 11,9 отсто.