Во Италија најмалку починати од коронавирус во една седмица

0
84
Daily life in Turin during the COVID-19 Coronavirus pandemic emergency, Italy, 19 April 2020. ANSA/ALESSANDRO DI MARCO

Како последица од инфекцијата од коронавирусот во последното деноноќие во Италија починале 433 лица, што е најнизок број во последните седум дена, додека бројот на новозаразените паднал од 3.491 ден претходно на 3.047 лица, соопшти Агенцијата за цивилна заштита во неделата на редовната вечерна прес-конференција.

Во саботата беа пријавени 482 смртни случаи, додека во петокот починаа 575 пациенти.

Дневниот број на смртните случаи и новозаразените придонесува за главно стабилна ситуација во Италија во последните две седмици. Од пикот на заразата кон крајот на март, кривата значително се спушти, но намалувањето на бројот на заразените не се случи толку брзо како што се мислеше, во земјата којашто се наоѓа во карантин речиси шест седмици.

Бројот на починатите оваа седмица е најнискиот од 12-ти април, кога е забележан 431 смртен исход, но бројките пораснаа веќе подоцна оваа седмица.

Вкупниот број починати од денот кој се зема како почеток на епидемијата во Италија 21-февруари, се искачи на 23.660 луѓе, што е вторито најголем показател во светот по САД. Вкупниот број потврдени случаи на зараза во Италија изнеусва 178.972 лица.

Извор Нетпрес