СЗО предупредува на повторно разгорување на вирусот

0
69

Шефот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејезус изјави дека земјите „мора да бидат предупредени за можноста за повторно разгорување на коронавирусот, откако Европа продолжи да се отвора, а Кина се соочи со нови случаи на коронавирус, по што беа затворени делови од главниот град Пекинг. Глобалниот број на потврдени случаи на коронавирус достигнува 8 милиони, а смртните случаи над 436.000.