Русија протерува 13 американски и полски дипломати

0
20

Русија исто така реципрочно воведува санкции против САД, пренесува Интерфакс.

Лавров рече дека Русија ќе ги ограничи активностите на американските организации и фондации кои се мешаат во нејзините внатрешни работи. Дипломатските мисии на САД во Русија ќе бидат значително намалени, рече рускиот министер за надворешни работи и осум американски дипломати нема да можат да влезат во земјата. Нивните имиња ќе бидат објавени подоцна.

Лавров го повикал американскиот амбасадор во Русија Џон Саливан да се врати во Вашингтон на консултации. Москва претходно го повлекла својот амбасадор Анатолиј Антонов од главниот град на САД. Потезите доаѓаат како одговор на дипломатската и финансиска офанзива на Вашингтон против руски официјални лица и компании, во врска со наводното руско мешање во изборите во САД и хакерските случаи.

Соединетите држави протераа 10 руски дипломати и воведоа санкции за неколку десетици лица и организации. Меѓу нив има шест руски технолошки компании кои соработуваат со разузнавачките служби.

Вашингтон ја критикуваше континуираната руска окупација на Крим, украинскиот полуостров што Русија го анектира во 2014 година и наводното доделување финансиски награди на авганистанските милитанти за убиство на американски трупи. Од друга страна, Полска отповика тројца руски дипломати, вработени во амбасадата во Варшава, изразувајќи солидарност со Соединетите држави.

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека, и покрај санкциите, САД не сакаат ескалација на тензиите со Русија, туку стабилна и предвидлива врска.