ГЕРМАНИЈА БАРА ДА СЕ УКИНЕ ПРАВОТО НА ВЕТО ВО ЕУ

0
18

Хајко Мас, германскиот министер за надворешни работи, денеска даде интересна изјава, откако побара од ЕУ да го укине правото на вето на земјите членки кога се во прашање надворешно-политичките одлуки.

„Не може повеќе да бидеме држени како заложници од оние кои ја парализираат европската надворешна политика со вета. Затоа велам дека ветото мора да замине, дури и ако тоа значи дека можеме да бидеме надгласани“, вели Мас, пренесува „Дојче Веле“.

Германија ретко дава вакви изјави, особено таа земја не практикува отворени критики кон другите земји членки во ЕУ. Мас не спомена име на ниту една земја, но веројатно ја даде изјавата испровициран од Унгарија која блокираше повеќе заеднички изјави на ЕУ за прашања од наворешна и безбедносна политика.