Нови 296 случаи со ковид-19 и 8 починати лица

0
19

Во изминативе 24 часа се евидентирани 296 нови случаи на заболени од ковид -19 од направени 3.480 тестирањa. Најголем број од новозаразените се од Скопје вкупно 143, потоа Гостивар – 60, и Кичево – 23.

Пријавени се осум починати лица од кои три од Гостивар, по две од Струга и Тетово и едно лице од Кочани.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 162.457 бројот на оздравени пациенти е 150.960, на починати е 5.560, а на активни случаи изнесува 5.937.

Најголем број на активни случаи на заболени од ковид -19 има во Скопје вкупно 2001 случаи, потоа во Тетово вкупно 1172 активни случи и во Гостивар – 820. Богданци и Крушево се единствените градови во кои нема ниту еден евидентиран активен случај на заболен со ковид-19.