Место на зелена површина ќе си дишат во врат – Урбаното лудило го сардиса Тетово, а силувањето на градот продолжува

0
25

Тетово последнава деценија целосно го промени урбаниот лик. Стари куќи и згради се уриваат, на нивна парцела се градат огромни висококатници, без доволно паркинг места. На неколкуте паркинзи каде порано се паркирале возила од индивидуалните домови, сега истите се наменети за цела колективна зграда. Дел од објектите ги користат дури и зелените јавни површини за паркинг место за станарите, а со тоа се уништува и последното зелено парче од некој урбан блок.

Од птичја перспектива најдобро се гледа урбаното силување кое му се случува на Тетово. Зелени површини само останаа во кругот на тетовската касарна и и поранешен Монопол. Ретко кое мало може да се пофали на зелена површина благодарение на урбаната мафија и премолчувањето на општинските власти.

За бетонизацијата на Тетово доволно говорат висококатниците изградени а дел од нив нив се уште се градат на крстосницата Борис Кидрич и Благоја Тоска.

ЗА ЦЕЛАТА СТОРИЈА ОД ММС КЛИКНЕТО НА ЛИНКОТ ПОДОЛУ

Место на зелена површина ќе си дишат во врат – Урбаното лудило го сардиса Тетово, а силувањето на градот продолжува