Тетовци на мака со кучињата скитници, на секои 34 часа нападнат по еден граѓанин, општината разгледува план

0
21

Од први јануари во Тетово од кучиња скитници биле каснати 13 граѓани. Дветнмина биле нападнати и се здобиле со повреди во последните две недели. Минатиот месец на 11 тетовци им била пружена лекарска помош во Клиничката болница, соопштуваат од СВР Тетово. Дали Општината презела некаква мерка за кучињата скитници?

„Во текот на неделата се очекува да се објави проектот. Го очекуваме планот според кој што ангажиравме претпријатие, но чекаме и приватни компании да ги достават нивните планови за одржливо решение. Кој ќе биде најдобар план, тој ќе се спроведе“, велат од Општина Тетово.

Ветеринарот Рами Селмани оствари средба со градоначалникот Биљал Касами кому му понудил модел за долгорочно решение на ова прашање.

„Имавме средба со градоначалникот и му го објаснивме најдобриот можен план за Тетово. Треба да се дејствува поинаку и да биде првиот град во Македонија за да се направи нешто посебно и тоа да биде успешно. Тоа е собирање на кучињата од улица и нивно сместување во стационари. Ова е единствен модел кој би бил успешен“, вели Селмани.

Градот Тетово во моментов е преполн со кучиња скитници а во судовите многу граѓани имаат започнато судски процеси и се уште не добиле никаков надомест. Пред неколку недели, во Тетово за еден час беа нападнати 3 граѓани.

ТВ21