Разбојник со нож ограбил двајца млади Украинци на „Ленинова“

0
33

Вчеравечер на улицата „Ленинова“ непознат разбојник, вооружен со остар предмет, ограбил двајца млади државјани на Украина, соопшти полицијата.

„На 22.12.2022 во 23.04 часот во СВР Скопје било пријавено дека во објект на ул.„Ленинова”, едно машко лице со остар предмет ги нападнало К.Т.(27) и К.А.(27) од Украина, по што им одзело лични предмети“, велат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот