Отец Царкњас раскажа како бил нападнат во Грција: „Го заклучив автомобилот и тоа ме спаси

0
24

Православниот свештеник, отец Никодим Царкњас кој беше нападнат во Грција каде живее, преку видео на социјалните мрежи се обрати и објасни како бил нападнат.

Во видео објавено на ФБ профилот на активистот за човекови права во Грција, Stilianos Samartzis (Стилијан Самарџиев), отец Царкњас објаснува за нападот врз него за кој смета дека е поради етничката припадност и дека никогаш нема да биде решен како и досегашните напади врз Македонци.

-Ми ја нападнаа колата и ми ги скршија стаклата, со намера и мене да ме нападнат. Сепак ме чува Господ и денеска сум здрав и жив. Ја заклучив колата и тоа ме спаси. Со силата на Господ и вашата сила ќе продолжиме и веруваме дека ќе успееме. Ние сме тука, рече Царкњас во споделеното видео снимено во црквата Св. Злата Мегленска во Грција.

Тој додаде дека го пријавил случајот во полиција.

-За кои вредности ми говори Грција, за кои човекови права, срамота е да се напаѓа 80 годишен човек, рече во своето видео и активистот Самарџиев.