Од денеска е задолжително носењето маски

0
100

Македонските граѓани од денeска треба да носат заштитни маски за да го спречат ширењето на коронавирусот, реши вчера владата која донесе и одлука за скратување на полицискиот час. Според Уредбата, заштитна опрема на лицето мора да се носи на сите затворени јавни места каде има повеќе луѓе, како што се пазари, продавници, банки, пошти, државни и здравствени установи, јавен превоз. На отворен простор, маските мора да се носат на пазари и места каде не постои можност за одржување на физичко растојание од два метра.

Граѓаните нема да мораат да носат заштитна маска кога се наоѓаат во нивните дворови, кога возат велосипед, играат индивидуални спортови или се возат во автомобил со најблиските. Обврската за носење заштитна маска е веќе во сила во Куманово, Тетово и Прилеп, градовите каде најбрзо се шири вирусот.